Федерер откри до кога сака да биде активен на тениските терени

federer

Швајцарскиот ас, Рожер Федерер иако е длабоко во четвртата деценија на својот живот тој и понатаму е еден од најдобрите тенисери на денешницата, конкурентен и подготвен да ги нападне сите титули на турнирите на кои настапува.

Тоа секако му дава дополнителна мотивација и понатаму да продолжи да игра, па за првпат посочи дека може, односно посакува да биде активен на големата сцена и во 2021 година.

-Наредната година е организрана, а за 2021 година не знам, се уште е далеку. Сепак кај мене се фунцкионира и можам да играм. Зошшто не би се наметнал и во 2021 година, -истакна Федерер кој одлуката ќе ја донесе заедно со сопругата Мирка и семејството.

-Нема да ја игра целата сезона на земја, се надевам ќе ме избегнат повредите. Добро се чувствувам и кога добро се чувствувате, добро и играте, -дополни рекордерот по освоени грен слем трофеи (20).

Facebook Коментари