Поврзете се со нас

АТП

Федерер: Новак само нека продолжи со уривање на сите рекорди

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Рожер Федерер успешна успева да се дистанција од преголемо медиумско внимание, но во последните неколку недели стана актуелен поради документарецот за неговите последни денови во кариерата.

Тенискиот маестро од Базел откри со какви емоции ги доживеал последните денови од незаборавната играчка кариера, а во најновиот подкаст во кој гостувал, Швајцарецот говорел за одработениот филм, но и за ривалите кои ја одбележаа неговата кариера.

Најактуелна тема во овој момент е најновото издание на Вимблдон, а бидејќи Новак Ѓоковиќ брка израмнување на рекордната 8-ма титула во сопственост на Федерер, Рожер не можел да избегне прашање за доминацијата на српскиот тенисер.

– Новак само нека продолжи да ги урива сите рекорди, рекордите се поставуваат за некој да ги урне, – вели Федерер во подкастот со Тревор Нoa.

– Исто така, се надевам дека Енди Мари ќе игра онолку колку што колкот ќе му дозволи, се гледа дека се уште има желба за игра. Рафа ги бира турнирите, беше во многу тешка ситуација, но се уште верува дека може да победува, – додава Швајцарецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни