Поврзете се со нас

АТП

Федерер: Никогаш нема да му заборавам на Рафа што направи за мене

Објавено

на

Рожер Федерер се уште е под силни импресии од сето она што го доживеа на Лејвер Купот, турнир на кој изминатиот викенд стави крај на својата богата кариера, опкружен од своите најголеми ривали, семејството, но и најсреќните фанови кои дојдоа до билет во О2 арената.

Федерер јавно им се заблагодари на сите кои беа дел од завршниот чин и неговиот последен тениски танц минатиот петок, но како што вели самиот во ексклузивното интеврју за „Њујорк Тајмс“, посебно му е благодарен на Рафаел Надал кој и покрај сите лични проблеми, пронашол време за да дојде во Лондон.

Плачот на Федерер и Надал по последниот меч на Швајцарецот го обиколи цел свет и со тоа само се покажа дека нивното пријателство е навистина искрено, а сега Рожер открива дека Рафа бил еден од првите кои дознал дека тој ќе се повлече.

– Му се јавив на Надал по Ју-Ес Опен, односно само чекав да заврши со неговиот настап во Њујорк. Сакав телефонски да му кажам за моето повлекување и да му кажам уште пред да почне да прави планови за Лејвер Купот. Му реков по телефон дека имам 50 проценти шанси да играм во двојки и дека ќе продолжам да го информирам ако се е во ред во неговото семејство, – открива Федерер, говорејќи за сложената ситуација на сопругата на Рафа, која има проблематична бременост.

– Ми одговори дека ќе направи се за да биде таму со мене. Тоа за мене е неверојатно, тоа покажува колку си значиме еден на друг и каков респект владее меѓу нас. Може да има големо ривалство, но и пријателство, ние го покажавме тоа. Рафа направи неверојатен напор за да дојде на мојот последен меч и тоа никогаш нема да му го заборавам. Никогаш нема да заборавам што направи во Лондон за мене, – признава Федерер, кој ја коментирал и виралната фотографија на која се гледа како се држат за раце додека заеднички плачат.

– Ја видов таа фотографија, тоа беше краток момент, една секунда. Во тој момент плачев многу, имаше музика и го допрев Рафа во знак на благодарност. Тоа беше како тајно благодарам. Излегоа безброј фотографии од сите агли и тоа ќе го паметам вечно, – додава Рожер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни