Федерер: Не знам зошто ме споредуваат со Меси

federer-radost

Големиот грен-слем шампион и еден од најголемите тенисери на сите времиња, Рожер Федерер отворено проговори за тоа зошто луѓето го споредуваат со Лионел Меси, а пак неговиот голем ривал Рафаел Надал го гледаат како Кристијано Роналдо.

-Веќе ми го имаат поставено тоа прашање. Чув дека ме споредуваат со Меси, а Надал со Роналдо, ама не знам зашто? Двајцата играчи се неверојатни и се заслужни за напредокот на фудбалот. Луѓето ми велат оти сум како Меси, меѓутоа и понатаму не знам зошто, -истакна Швајцарецот кој проговори за настапот на ЛОИ во Токио.

-Често слушам како морате да ги освоите сите трофеи, ако сакате да бидете успешни. И да, ако немате сите титули, вашата кариера нема да биде целосна. Не се согласувам со тоа. Сметам оти мојата кариера беше многу успешна. Дури и без неколкуте вредни трофеи. Понекогаш не зависеше од мене, понекогаш и немав среќа. Важно е да знам дека давав се од себе. Ако го освојам златниот медел во Токио, тоа ќе биде неверојатно достигнување, -истакна Рожер кој нема златна медала во сингл, но затоа има во дубл на ОИ.

Facebook Коментари