Федерер: Не знам дали ќе бидам активен до следната Олимпијада

federer-basel-profil

Рожер Федерер се уште е способен да освојува важни трофеи во АТП серијата, но 37-годишната возраст е причина што често мора да одговара на прашања поврзани со неговото евентуално пензионирање.

На последното, Швајцарецот бил прашан дали планира да учествува на Олимпијадата во Токио во 2020 година.

– Тоа е премногу далечен период за мене. Прашувате човек на 37 години за тоа што ќе прави по две години, со задоволство би играл, но не знам дали тогаш се уште ќе бидам активен.

– Веќе сум бил на Олимпијада, знам какви се емоциите и сакам да ги почувствувам повторно. Но, за мене не е важно само учеството, туку и победите. Па, ако проценам дека не можам да победувам на терен, не би учествувал воопшто, – изјавил Федерер кој се подготвува за настап на завршниот Мастерс во Лондон.

Facebook Коментари