Федерер не планира да се враќа на Ролан Гарос?

federer-stisnat

Рожер Федерер се подготвува за настап на завршниот Мастерс во Лондон кој започнува утре, а со својата последна изјава индиректно најави дека веројатно до крајот на кариерата нема да настапува на Ролан Гарос.

Швајцарецот годинава ја пропушти сезоната на земјена подлога чија кулминација е турнирот во Париз, а тоа имаше позитивно влијание врз следниот дел од годината во кој успеа да стигне до трофејот и на Вимблдон. Веројатно истото ќе го направи и во 2018 година.

– Во игра се сите опции, разговарам со мојот тим за сезоната на земја бидејќи се работи за сериозна одлука. Во 2016 година имав проблеми со колената на оваа подлога, а годинава се покажа како вистински потег да ја прескокнам, бидејќи потоа имав одлична сезона, – вели Федерер.

Тенисерот кој има дури 19 грен-слем титули, само еднаш триумфираше на Ролан Гарос, а според индиректните најави, тој трофеј веројатно ќе биде и негов единствен на турнирот во француската престолнина.

Facebook Коментари