Поврзете се со нас

АТП

Федерер: Не можам да бидам број еден, ама можам…

Објавено

на

Рожер Федерер е еден од најголемите асови во историјата на тенисот, но тој е поблиску до крајот на кариерата и за тоа е свесен маестрото од Базел.

Тој во овие месеци се одмара, закрепнува од операцијата поради која ќе ги скокне сите тениски настани, урнири ако има услови да се одржат. Федерер веќе размислува за 2021 година и меѓу неговите желби е настап на ЛОИ во Токио каде смета дека има шанси да го нападне златниот медал.

-Олимписки медал е целта. Да не беше така немаше ни да учествувам. Сè е можно. Можам да го освојам во индивидуална конкуренција, во машки или мешани парови. Мислам дека имам шанса да победам и во сингл. Подготовките за ваков настан започнуваат најмалку три месеци порано, но сè уште не размислувам за тоа. Она што го знам е дека е тешко да се борам за позицијата број еден во текот на целата сезона, но на еден турнир се е можно, -порача Рожер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни