Федерер не искористи меч топка, па доживеа пораз од Андерсон

federer-bekhend

Рожер Федерер го заврши настапот на Вимблдон во четвртфиналето, каде загуби од Кевин Андерсон со голем пресврт и 3:2 во сетови во корист на тенисерот од Јужна Африка.

Швајцарецот започна фуриозно, го доби првиот сет со 6:2, во вториот беше поуспешен во тај-брејк, па се чинеше дека е на добар пат рутински да обезбеди ново полуфинале на својот омилен грен-слем.

Сепак, откако не искористи меч топка во третиот сет при резултат 5:4, Андерсон како да доби дополни мотивација и ги доби следните два сета со 7:5 и 6:4. Решавачкиот петти сет донесе голема драма и траеше повеќе од еден час, а Андерсон го доби со 13:11 во гејмови, со што оствари голем личен успех на Вимблдон.

Во полуфиналето, Андерсон ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Раониќ и Изнер.

Facebook Коментари