Федерер нагласи дека не го познава Пике, па експресно доби одговор од стоперот на Барса

federer-sangaj

Рожер Федерер денеска доста се мачеше против Давид Гофан во осминафиналето на Мастерсот во Шангај, но покрај тоа што даваше свои мислења за можните противници во наредната рунда, Швајцарецот доби прашање и за новоформираниот Дејвис Куп под покровителство на Жерард Пике.

Стоперот на Барселона вмеша прсти во тенисот и доби зелено светло да организира Дејвис Куп кој ќе има поинаков формат од предвиденото, а пред самото одигрување на првото издание во Мадрид, Федерер јасно стави до знаење дека до крајот на неговата кариера, не му е во план да настапи на натпреварувањето кое не го организира АТП.

– Не го знам Пике. Никогаш немав можност да го запознам, па затоа не гледам што би можеле да работиме заедно во иднина, – изјави Федерер откако еден од новинарите му стави до знаење дека Пике работи на негов ангажман за изданието кое ќе се одржи наредната година.

– Веќе сум стар и сакам да одам на други места на кои немам играно претходно. Најверојатно нема да играм на тоа натпреварување, – порача Швајцарецот кој вечерва експресно доби одговор од Пике.

– Сигурно постои лоша комуникација меѓу него и неговиот агент и неговите луѓе. Јас зборував со нив, ми искоментираа дека е отворен да дојде во иднина. Според ова што го вели, најверојатно не постои доволно добра комуникација меѓу него и неговиот агент, – порача стоперот на Барса.

Facebook Коментари