Поврзете се со нас

АТП

Федерер: Надал е како тигар во кафез

Објавено

на

foto: https://twitter.com/bcnopenbs

Рафаел Надал веќе некое време не е активен на тениските терени, турнири затоа што се уште не е подготвен по повредата која ја заработи на Австралија Опен.

Шпанецот не сака да ризикува и се додека не биде како што треба, поточно се почуствува дека може да биде свој, да даде максимум нема да се врати на сцената иако изминатиов период имаше некои вести дека може тоа да биде во Австралија наредната година.

Меѓутоа и покрај тоа што Рафа не игра, тој е актуелен, а последен кој зборуваше за него е легендарниот Рожер Федерер кој низ годините имаше многи битки со бикот од Мајорка.

-Не го познавам Рафа добро надвор од теренот, но ми изгледа како тигар во кафез секогаш кога ќе го видам на теренот. Се чувствувам многу опуштено и надвор од теренот и на него. Тој има неверојатен интензитет, постојано се загрева, трча наоколу и секогаш има многу да работи, се подготвува, како мечот секогаш да му е во главата.

-Не знам дали сме такви спротивности како што велат. Ама да, донекаде сум посмирен и порелаксиран, додека тој особено кога турнирот е во тек е некако поинтензивен. Сигурен сум дека кога сето тоа ќе заврши, секој играч наоѓа начин да се опушти, бидејќи ако не го направите тоа, не можете да останете на сцената. Тешко е и треба да најдете начин да се опуштите, -порача славниот Швајцарец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни