Федерер на една победа до првото место на АТП листата (Видео)

federer

Искусниот швајцарски тенисер, Рожер Федерер обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот од серијата 250 што се игра во Штутгарт (Германија) со што дојде на еден чекор до првото место на АТП листата.

Големиот ас денеска успеа да ја забележи втората победа во вториот меч по враќањето на терените (14 победата во серија на трева) и тоа против Гидо Пелја. Фаворитот славеше во двата сета со 6-4 и тоа откако два пати (по еднаш во првиот и еднаш во вториот) му го украде сервисот на противникот.

Со ова Федерер се стави во позиција да се врати на првото место на ранг листата или поточно да го турне од врвот Рафаел Надал, но за да дојде до тоа ќе мора да запише победа во полуфиналето во кое за противник ќе го има подобриот од битката меѓу Кирјос и Лопез.

Facebook Коментари