Федерер: Мислам дека вакво нешто не ми се случило во кариерата

federer-o2

Рожер Федерер не беше ниту приближно фокусиран на денешното полуфинале против Стефанос Циципас како што беше пред два дена на мечот против Новак Ѓоковиќ, но и покрај тоа, создаде безброј шанси за брејк кои не ги искористи.

Ужасниот процент од само една искористена брејка топка од 12 обиди доволно говорат каков меч одигра швајцарскиот ветеран против 17-години помладиот Циципас, а покрај тоа што го пофали противникот за агресивната игра, Федерер смета дека клучно за неговата самодоверба било тоа што утна две топки кои обично тој не ги простува.

Федерер најпрво не искористи брејк топка во првиот гејм на Циципас, а потоа го загуби својот сервис гејм откако на двапати промаши смеч удари кои за него во нормални услови се рутина.

– Тоа што бев „скршен“ уште на самиот старт во ситуација кога промашив два смеча, воопшто не ми помогна за самодовербата. Мислам дека тоа не ми се случило многу, многу долго, или најверојатно никогаш во кариерата, – изјави 38-годишниот Федерер.

– Морам да му оддадам признание за тоа што не дозволи да играм на нивото на кое посакував денеска. Неговата работа со нозете секогаш правеше да биде во напаѓачка улога. Секоја кратка топка ја стигаше и напаѓаше, тоа го прави многу добро. Тој е еден од најдобрите во тој сегмент. Кога беше најпотребно, беше на висина на задачата и денеска беше подобар од мене и заслужи да победи, – призна Швајцарецот по поразот од 6:3 и 6:4.

 

Facebook Коментари