Поврзете се со нас

АТП

Федерер лут на организаторите на Олимписките игри: Се уште чекаме конечна одлука

Објавено

на

Легендарниот швајцарски тенисер и еден од најдобрите спортисти на сите времиња, Роџер Федерер упати критики на адреса на организаторите на Олимписките игри кои се уште немаат донесена конечна одлука дали игрите ќе се одржат ова лето.

Иако голема е веројатноста игрите да се одржат, неизвесноста се уште е присутна и одржувањет на ОИ уште не е детално прецизирано и токму поради тоа гласот го крена Федерер кој истакна дека спортистите што поскоро треба да ја дознаат конечната одлука.

– Спортистите треба да ја дознаат одлуката. Не знам што да мислам за одржувањето на игрите, некаде сум помеѓу. Се радувам на секој олимписки настап и приликата да освојам медал за Швајцарија. Тоа би ме направило многу горд, но и да се откажат Олимписките игри, јас би бил првиот кој би ја сфатил таа потреба и би го прифатил таквото нешто.

– Во моментов се оди на тоа дека игрите ќе се одржат, меѓутоа сликата брзо се менува. Како спортист сами носите одлука дали сакате да патувате во Токио, -порача 39 годишниот швајцарски тенисер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни