Федерер со комична изјава за Ѓоковиќ ги насмеа сите во салата (Видео)

nole-roger-nasmeani

„Лејвер купот“ беше за првпат одржан минатата година, а одговорните луѓе на ова ревијално натпреварување одлучија овој проект да го направат традиционален, бидејќи целта на истиот е зближување на тенисерите кои инаку се големи ривали на теренот.

Овој петок ќе започне второто издание на „Лејвер купот“ во Чикаго, а како и минатата година, играчите се поделени во две групи. Поради повреда, Рафаел Надал оваа година нема да биде дел од спектаклот, но затоа во тимот на „Европа“ ќе ги гледаме Рожер Федерер, Новак Ѓоковиќ, Александар Зверев, Григор Димитров, Давид Гофан, Кајл Едмунд, а замена ќе биде Жереми Шарди. Нивни противници како претставници на тимот на „Светот“ ќе бидат Џон Иснер, Кевин Андерсон, Френсис Тиафо, Диего Шварцман, Џек Сок, Ник Кирјос и Николас Џери.

Пред одигрувањето на овој специјален турнир, денеска се одржа стандарната најава за спектаклот во Чикаго, а при обраќањето во центарот на вниманието се најде Рожер Федерер кој даде урнебесна изјава за Новак Ѓоковиќ кој седеше крај него.

На прашањето како се чувствува што за првпат во кариерата ќе биде во ист тим со Ѓоковиќ, Федерер даде одговор кој ги насмеа сите во салата.

– Кога не можете да го победите, едноставно му се приклучувате во тимот. Навистина сум возбуден што ќе играме заедно, – порача Федерер кој со својата духовита изјава ги насмеа сите, вклучувајќи го и Ѓоковиќ.

Facebook Коментари