Поврзете се со нас

АТП

Федерер: Јас како тренер? Никогаш не вели никогаш

Објавено

на

Рожер Федедер веќе неколку месеци и официјално е во тениска пензија, но без разлика на тоа тој понатаму привлекува внимание и е во фокусот на вниманието.

Швајцарецот сега може да им се посвети и на други работи, па признава дека веќе не чувствува притисок што секако е нов момент во неговиот живот.

-Мислам дека не бев многу свесен за тоа, но дури кога ќе се повлечеш ќе сфатиш како сиот тој притисок одеднаш престанува. Се чувствувате некако полесни, чувствувате олеснување што по 25 години натпреварување можете да започнете да живеете нормален живот, -вели Федерер кој не ја отфрла можноста во иднина да биде тренер.

-Јас сум производ на швајцарскиот тенис, нашата федерација. Секогаш ќе бидам дел од тоа, затоа ми е тешко да имам своја академија. Чувствувам дека тоа би било директно против  федерација која ми е многу блиска.

-Со програмата Next Gen и Уникло ќе работам повеќе на тој менторски план како и со децата. Што се однесува до тренирањето… Никогаш не вели никогаш. Стефан Едберг велеше дека никогаш нема да тренира никого, се додека не доби повик од мене. Го поканив на тренинг и ми рече „добро, ајде да работиме барем една година“. Сега моите деца се на училиште, не се гледам себеси во тоа во моментов. Меѓутоа, доколку се појави некој талентиран јуниор и има потреба од мојот совет и поддршка, со задоволство тоа ќе го направам тоа, -порача маестрото од Базел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни