Федерер ја одведе Швајцарија до триумф на Хопман купот

federer-bencic

Рожер Федерер ја започна 2018 година со триумф на традиционалниот Хопман куп кој и годинава се одигра во австралискиот град Перт.

Швајцарија во финалето ја совлада Германија со 2:1, а најмногу благодарение на Федерер кој извојува две победи. Тенисерот со најмногу грен-слем титули во историјата во првиот сингл меч го победи Александар Зверев со 2:1 во сетови, а откако Кербер славеше над Бенчич во дуелот во женска конкуренција, победникот се решаваше во дуелот во мешани двојки.

Таму Федерер и Бенчич ги совладаа своите ривали со 2:0 во сетови за прв триумф на Швајцарија на Хопман купот по 2001 година.

Facebook Коментари