Федерер ја донесе конечната одлука за турнирот во Дубаи

federer

Рожер Федерер минатата недела триумфираше на турнирот во Ротердам и успеа да се врати на првото место на АТП ранкингот, по што до последен момент тактизираше со одлуката дали ќе настапи на турнирот во Дубаи кој стартува следната недела.

Денеска Швајцарецот ги информирал организаторите дека сепак ќе го прескокне турнирот на кој минатата година изненадувачки рано го заврши настапот и решил да му се посвети на семејството.
– Во последниот разговор со агентот на Федерер, тој ми соопшти дека Рожер решил да го искористи овој период за да им се посвети на сопругата и децата, наместо да учествува на турнирот. Исто така, тој потенцираше дека одлуката не е поврзана со првото место на АТП ранкингот, туку со подобрата подготовка за бранење на поените освоени во Индијан Велс и Мајами, – изјавил Салах Талак, директор на турнирот во Дубаи.

Facebook Коментари