Федерер ја доби битката со Кирјос и се враќа на врвот на АТП листата (Видео)

federer

Најдобриот швајцарски тенисер, Рожер Федерер (прв носител) ќе се соочи со Милош Раониќ (седми носител) во утрешното финале на Мерцедес Купот во Штутгарт.

Федерер во денешната полуфинална битка на АТП турнирот од серијата 250 по два часа игра, по голема борба славеше над Ник Кирјос од Австралија со 2-1 во сетови со 6-7(2), 6-2, 7-6(5). Ова за легедарниот ас беше 15 победа во низа на трева, победа со која од понеделник ќе се врати на врвот на АТП листата или поточно ќе го симне од првото место Рафаел Надал.

Facebook Коментари