Поврзете се со нас

АТП

Федерер испиша историја и ги остави зад себе Кристијано и Меси (Фото)

Објавено

на

Рожер Федерер урна толку многу рекорди во тенисот во богатата кариера која се уште трае, а сега во години кога важи за тениски ветеран, швајцарскиот маестро испиша вистинска историја со заработката која ја остварил во изминативе 12 месеци.

Федерер со години наназад важи за подвижна рекалма на која се „лепат“ сите спонзори, но соработката со „Уникло“ и уште неколку светски компании направи да видиме нешто што претходно никогаш се нема случено во историјата на спортот. Рожер стана првиот тенисер во историјата кој изби на чело на листата на „Форбс“ за најплатени спортисти во годината, завршувајќи со фудбалскиот монопол кога е оваа категорија во прашање.

Искусниот Федерер ги остави зад себе фудбалските великани Кристијано Роналдо и Лионел Меси, без оглед на тоа што во изминатата година има заработено само 6,3 милиони долари од турнирите. Федерер има убедливо најмоќни и најбогати спонзори, а поради нив, изби на челот на листата во 2020-та година како најплатен спортист во светот со заработка од застрашувачки 106,3 милиони долари, од кои дури 100 милиони се чисто од спонзори.

Така го остави зад себе Кристијано Роналдо кој е на второто место со 105 милиони долари, како и Лионел Меси кој го комплетира пиедесталот со 104 милиони долари. Нејмар е четврт со вкупно инкасирани средства од 95,5 милиони долари, а прв од кошаркарите и петти на поредокот е Леброн Џејмс со 88,2 милиони долари заработка. Во топ 10 се наоѓаат уште Стеф Кари, Кевин Дурент, Тајгер Вудс, Кирк Казнс и Карсон Венц.

Само за споредба, светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ со 44,6 милиони долари го запоседнува 23-то место, додека Рафаел Надал е 27-ми со инкасирани 40 милиони долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни