Поврзете се со нас

АТП

Федерер: Имам само една цел до крајот на годината

Објавено

на

Рожер Федерер се опоравува од втората операција на коленото која ја направи во краток период, откако онаа првата во месец март излезе неуспешна и го примора искусниот Швајцарец одново да подлегне под нож.

Тенискиот виртуоз од Базел на почетокот на месец август ќе наполни 39 години и самиот е свесен дека му преостанува се помалку време во кое ќе може да ужива во тенисот, но како и обично, тој не сака да дава било какви точни проценки за неговото пензионирање кое станува се поизвесно како што одминува времето.

Позитивна вест е тоа што Федерер планира повторно да игра тенис по надминувањето на цела оваа криза со коронавирусот, односно нагласи дека негова цел до крајот на 2020-та година е да биде максимално подготвен за игра на стартот на 2021-ва година.

– Имам само една цел до крајот на годината. Тоа е да бидам 100 проценти подготвен за 1-ви јануари, на стартот на наредната година. Тоа е долг период, но подготвен сум за предизвикот. Се надевам дека ќе можам да играм тенис на високо ниво кога ќе се вратам.

– Јасно е дека сум на крајот на кариерата, не можам да кажам што ќе биде во наредните две години. Затоа планирам година по година и имам план за наредната. Кога веќе нема да можам да функционирам како професионалец, ќе се повлечам, – изјави Федерер за „СРФ“.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни