Федерер со идентичен рецепт до четвртфиналето во Шангај

federer-vika-sangaj

Рожер Федерер повторно покажа слабости во својата игра и беше доста неконстантен во осминафиналето во Шангај, но сеапк благодарение на концентрацијата во самата завршница успеа да се пласира во следната рунда.

Швајцарскиот маестро употреби идентичен рецепт како и вчера против Медведев, со тоа што денеска негов противник беше редовниот „пациент“ Баутиста Агут. Шпанецот до овој меч немаше освоено ниту еден сет против швајцарскиот маестро, но овојпат го искористи огромниот пад на Федерер во вториот сет за да слави со 6:2. Првиот му припадна на Федерер со 6:3, додека во одлучувачкиот видовме исто сценарио како и вчера, односно искусниот 37-годишен тенисер направи брејк во деветтиот геј.

Федерер му го одзема сервисот на противникот, а потоа рутински отсервира за 6:4 и пласман во четвртфиналето во Шангај во кое за противник ќе го има Кеи Нишикори.

Facebook Коментари