Поврзете се со нас

АТП

Федерер го заврши настапот во Хале уште во осминафиналето

Објавено

на

Рожер Федерер го доби првиот сет против Феликс Оже-Алиасим, но потоа многу помладиот ривал направи целосен пресврт и го елиминираше Швајцарецот на турнирот во Хале.

Федерер ја отвори сезоната на трева со традиционалното учество во Хале, но го заврши настапот многу рано и нема да може да се бори за нов трофеј на еден од своите омилени турнири.

Фаворитот одигра добар прв сет кој рутински го доби со 6:4, но Оже-Алиасим ја презема контролата кон средината на вториот сет, кога најпрвин направи брејк, а потоа и стигна до израмнување.

Канаѓанецот направи два брзи брејка на стартот на третиот сет и поведе со 3:0, предност која не ја испушти до крајот за конечни 4:6/6:3/6:2.

Противник на Оже-Алиасим во четвртфиналето во Хале ќе му биде победникот од дуелот Штруф-Џирон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни