Федерер го реши Бемелманс по куса постапка

federer

Рожер Федерер со стил го започна настапот на АТП турнирот во Ротердам, победувајќи го со 2:0 во сетови белгискиот тенисер Рубен Бемелманс.

Швајцарецот првиот сет го доби со 6:1, а вториот со еден загубен гејм повеќе (6:2) и по само 46 минути на теренот, го обезбеди пласманот во осминафиналето, обезбедувајќи овации од публиката во холандскиот град каде се игра турнирот од 500 серијата.

Следен противник на Федерер ќе биде Германецот Филип Колшрајбер, кој во 12 меѓусебни дуели нема ниту една победа против Швајцарецот.

Facebook Коментари