Федерер го победи Надал за 12. финале на Вимблдон

federer-radost

Рожер Федерер е вториот полуфиналист на Вимблдон и ќе се соочи со првиот носител Новак Ѓоковиќ, кој денеска прв избори место на неделната средба на лондонската трева.

Федерер го доби полуфиналниот класик против Рафаел Надал со 3:1 во сетови (7:6/1:6/6:3/6:4) во квалитетен меч во кој Шпанецот парираше добро во првиот сет, но го загуби во тај-брејк, за вториот да го добие со само еден загубен гејм.

На сличен начин Швајцарецот доминираше во третиот сет, а во четвртиот направи брејк во третиот гејм и таа предност ја сочува до крајот за конечни 3:1. За Федерер ова ќе биде 12-то финале на Вимблдон, а го подобри и меѓусебниот дуел со Надал, во кој Шпанецот се уште води со 24:16.

Facebook Коментари