Федерер го откажа настапот на Мастерсот во Монтреал

Federer-Wimb

Рожер Федерер го загуби маратонското финале на Вимблдон, а сериозните напори во Лондон веројатно влијаеја и на неговата најнова одлука.

Според истата, Швајцарецот нема да настапува на претстојното издание на Роџерс купот во Монтреал, првиот турнир од Мастер 1000 серијата кој следува по Вимблдон.

– Одлуката ја донесовме пред една недела, сакам само да си дадам повеќе време за одмор. Би сакал да играм повеќе, но реалноста е таа, ќе земам подолг одмор за да се подготвам за настапот во Синсинати, – изјавил Федерер.

Турнирот во Монтреал започнува на 5. август, а по него следува Мастерсот во Синсинати како генерална проба за Ју-Ес Опен.

Facebook Коментари