Федерер и Ѓоковиќ како партнери во првиот дубл на „Лејвер куп“

roger-nole-sinsi

Тениските фанови од утре ќе можат да уживаат во второто издание на ревијалниот „Лејвер куп“ кој овојпат се одржува во Чикаго, а на кој повторно ќе се спротивстават „Тимот на Европа“ и „Тимот на светот“.

Организаторите вечерва го соопштија распоредот за првиот натпреварувачки ден, а фановите со нетрпение ќе го очекуваат мечот во дубл во кој првпат досега заедно ќе играат Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Дублот Федерер/Ѓоковиќ ќе се соочи со Џек Сок и Кевин Андерсон како шлаг на првиот натпреварувачки ден, а претходно ќе бидат одиграни сингл мечевите Димитров-Тиафо, Едмунд-Сок и Гофан-Шварцман.

Дополнително ќе бидат познати двојките за следните натпреварувачки денови.

Facebook Коментари