Федерер ги загуби нервите на теренот, па мораше да се објаснува со атрактивната српска судијка (Видео)

federer-sudijka

Рожер Федерер имаше навистина доста незгоден дуел против Тенис Сандгрен и самиот призна дека со доза на голема среќа ги спаси седумте меч топки во четвртиот сет во кој изгледаше загубено, но сепак никој не може да негира дека Швајцарецот со ова свое издание уште еднаш докажа зошто важи за еден од најголемите во историјата.

Федерер имаше одредени здравствени проблеми и во третиот сет многумина помислија и дека има шанси да се предаде откако побара медицински тајм-аут, но како и обично, Швајцарецот одлучи да го доигра мечот, а тоа на крајот му се врати со победа. Рожер кој никогаш нема предадено меч кој го има почнато спаси седум меч топки во четвртиот сет и на крајот славеше во петтиот за конечни 3:2, режирајќи пресврт кој му овозможи да се пласира во полуфиналето на Австралија Опен.

Таму ќе го чека неговиот добар познаник Новак Ѓоковиќ, а интересно е да се напомене дека пред новиот дуел со Ноле, Рожер денеска имаше една српска пресметка на теренот. Во моменти кога ништо не му одеше и почна да чувствува болки, искусниот Швајцарец со миксање на два јазици опцу на теренот, а поради тоа доби предупредување од убавата и атрактивна српска судијка, Маријана Вељовиќ.

Србинката за момент го украде шоуто и мораше да му објаснува на Федерер дека линиската судијка зад него добро го чула што кажал, нешто што Рожер не можеше никако да го сфати, но сепак го прифати откако Маријана учтиво му го објасни тоа. Федерер ја искоментира оваа ситуација и на прес-конференцијата по мечот, на која нагласи дека нема шанси да го разбрала судијата што точно кажал, бидејќи неговата пцовка била микс од два сосема различни јазици.

Facebook Коментари