Федерер со генијален трик удар предизвика конфузија меѓу двете дечиња кои собираа топки (Видео)

federer-slajs1

Рожер Федерер го покажа своето најдобро светло на мечот од третото коло на Индијан Велс во кое за противник го имаше Филип Крајиновиќ, но наспроти сите феноменални потези кои ги имаше во двата сета кои ги доби со уверливи 6:2 и 6:1, Швајцарецот ги почести фановите и со еден потег по кој најмногу настрадаа дечињата кои ги собираа топките.

Еден прв сервис на Федерер ја допре мрежата и мораше истиот да биде пресервиран, но откако Крајиновиќ ја врати топката во неговото поле, Рожер со еден генијален трик потег се обиде да ја проследи топката до децата кои останаа во бунило по тоа што се случи.

Топчето кое го испрати Федерер доби неверојатна ротација и заврши во двете полиња, па така двете дечиња се збунија кое попрво да тргне по неа и да ја прибере пред да продолжи играта….

Facebook Коментари