Федерер со фуриозна победа се врати на Ролан Гарос (Видео)

rocko

Поранешниот светски рекет број еден, Рожер Федерер со очекувана победа го започна својот настап на вториот грен слем во оваа сезона Ролан Гарос.

Ова за Швајцарецот беше прв настап во Париз по 2015 година, а во истиот го доби 73. тенисер на АТП листата, Лоренцо Сенего. За да дојде до ова славје на Федерер му беа потребни еден час и 41 минута на теренот „Филип Шатрие“ за конечни на крајот 6-2, 6-4, 6-4.

Во наредната рунда популарниот Федекс го чека дуел со 25-годишниот Германец, Оскар Оте.

Facebook Коментари