АТП
Федерер е свесен дека ќе продолжи тенисот, но стравува од едно непосакувано сценарио
Рожер Федерер откри дека не тренира тенис за време на паузата поради коронавирусот и засега нема план да го прави тоа, бидејќи како што вели самиот, засега нема никаква најава дека „белиот спорт“ би се вратил на програмата.
Прогнозите за тенисот се најцрни од сите други спортови за оваа 2020-та година и Рафаел Надал практично ја опиша како сезона во која тешко дека играчите ќе се вратат на терените, но за разлика од Шпанецот кој е подготвен да игра и без фанови, Федерер не може да се помири со такво сценарио.
Швајцарецот е свесен дека тенисот во еден момент ќе се врати и за играчите ќе биде безбедно да играат едни против други, но според негово мислење, ќе биде бесмислено да го прават тоа без публика на трибините.
– Искрено, не можам да замислам да се натреварувам пред празни трибини. Тренингот без публика е едно, но меч без публика е друго. Ќе ми биде многу тешко да играм без фанови, тоа е најнепосакувано сценарио, – вели Федерер и додава.
– Мора да кажам дека ми одговара оваа пауза. Од 2016-та година кога правев операција, немав минато повеќе од пет седмици заедно со моето семејство во нашиот дом. Среќни сме, здрави, иако понекогаш се нервираме едни со други со оглед на тоа што постојано сме дома, – порача 38-годишниот маестро од Базел.
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации21 час
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Лига на нации20 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)