Федерер донираше еден милион франци за најранливите семејства во Швајцарија

rocko

Швајцарскиот тениски ас, Рожер Федерер ја покажа својата големина и донираше еден милион швајцарски франци за најранливите семејства во неговата татковина.

Федерер со ова се приклучи во борбата со коронавирусот со тоа што за разлика од голем број на негови колеги кои донираа во здравствениот систем поточно во опрема, болници и слично тој одлучи да директно да им помогне на лицата кои се најпогодени од оваа криза на финансиски план.

-Ова се предизвикувачки периоди за сите и никој и никој не смее да се остави зад себе. Мирка (неговата сопруга) и јас лично одлучивме да донираме еден милион швајцарски франци за најранливите семејства во Швајцарија. Нашиот придонес е само старт. Се надеваме дека и другите ќе ни се приклучат и ќе поддржат повеќе фамилии на кои им е потребно. Заедно можеме да ја надминеме оваа криза! Останете здрави, -порача Федерер.

Facebook Коментари