Поврзете се со нас

АТП

Федерер бара промени во тенисот: Потребни се нови методи…

Објавено

на

Foto:twitter.com/SH_RolexMasters

Рожер Федерер веќе некое време е во тениска пензија, спортот кој дефинитивно ќе го памети како еден од најголемите играчи на сите времиња.

Меѓутоа времето минува и Швајцарецот од оваа дистанца смета дека се потребни сериозни промени, револуција во белиот спорт затоа што според него ако не биде така навивачите можат да се фокусираат, префрлат на друг спорт.

-Би сакал да видам повеќе „шаренило“ во тенисот. Нашиот спорт е некако „стара школа“. Ни требаат нови методи, нови идеи. Ако нема такво нешто, младите ќе одат на фудбал или некој друг спорт, -истакнал Рожер кој запрашан за тоа каков совет би му дал на дете кое еден ден сака да стане како него или Килијан Мбапе, неговиот одговор бил следен:

-Би им рекол да ги слушаат родителите и тренерите. Второ, мора да го сакате она што го работите. Понекогаш треба да тренирате малку понапорно отколку што сакате. Талентот постои во различни форми, тоа е работа, техника, организација, логистика, со кого се опкружувате. Работата е суштинска, -заклужил популарниот Федекс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни