Поврзете се со нас

Репрезентација

Федерацијата не отстапува од праксата: Сејдини откри зошто не се започнати преговори со Ангеловски

Објавено

на

Игор Ангеловски е еден од најзаслужните за огромниот успех кој го оствари македонската фудаблска репрезентација, генерација која за првпат во историјата обезбеди пласман на еден голем турнир како што е претстојното Европско првенство.

Македонските фудбалери со златни букви ќе останат запишани во историјата на нашата земја кога ќе истрчаат на теренот на првиот натпревар во месец јуни, но ако играчите можат да прават планови за тоа што ќе следи по крајот на клупската сезона, иднината на Игор Ангеловски се уште е непозната.

Самиот македонски селектор минатиот месец откри дека не е сигурен дали ќе го води тимот на континенталниот собир, бидејќи неговиот договор истекува на крајот од оваа година, а досега не започнал никакви преговори со луѓето од Федерацијата.

Дека ситуацијата е навистина таква потврди и првиот човек на ФФМ, кој при гостувањето во емисијата „Магазин“ во телевизија Сител, нагласи дека преговорите со Ангеловски ќе започнат по завршувањето на актуелниот договор.

– Договорот со Ангеловски истекува на крајот на овој месец, на 31-ви декември. Пракса во Федерацијата е да се разговара за продолжување на соработката откако ќе истече актуелниот договор. Ќе разговараме со Ангеловски после Нова Година, – порача Сејдини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни