Поврзете се со нас

Македонија

Федерацијата најави казни за виновниците за инцидентот меѓу ТФТ и Чаир

Објавено

на

ТФТ и Чаир 2030 вечерва играа пријателски натпревар во СРЦ Кале, натпревар кој беше прекинат од страна на официјалните лица по инцидентот, тепачката во која беше инволвиран домашниот капитен Едис Нури и навивачите на гостите.

Тепачка на пријателски меч: Навивачи на Чаир го нападнаа капитенот на ТФТ (ВИДЕО)

Допрва ќе се расчисти целиот случај, а со своја реакција се јави кошаркарската федерација која најави дека ќе се изречат казни за актерите во инцидентот.

Оваа е соопштениот на куќата на кошарката:

Македонската кошаркарска федерација ќе ги преземе сите мерки, и ќе изрече соодветни казни за актерите во инцидентот кој се случи вечерва на пријателскиот натпревар помеѓу екипите на ТФТ и Чаир 2030, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, кој беше прекинат од страна на официјалните лица.

За таа цел, согласно со првичните информации, комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, од актерите, односно од претставниците на двата клуба, побара во текот на утрешниот ден  да му достават изјави за инцидентот, односно причините за прекинатиот натпревар.

Освен тоа свое видување во писмена форма ќе дадат и официјалните лица (судиите и делегатот на натпреварот), по што ќе бидат донесени соодветни одлуки.

По втор пат за кратко време, во подготвителниот период, пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, екипата на Чаир 2030 е учесник на натпревар во кој се случуваат работи кои немаат ништо заедничко со кошаркарската игра.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни