ФЕД Куп: Тенисерките загубија од Финска

fed

Женската тениска репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз во групата Ц во рамките на ФЕД купот од Третата Евро-африканска зона. Нашите тенисерки загубија од фаворитот Финска со 3-0 и со тоа завршија на третата позиција, односно сега ќе разигруваат за пласман од 9 до 12 место.

Денеска Орпана и Еклунд беа подобри од Христовска и Веселинова со 2-0 во сетови, а потоа истата македонска комбинација загуби со 6-4- 6-2 од Еклунд и Лаине.

Утре наш противник во битката за подобар пласман ќе ни биде Ерменија.

Facebook Коментари