ФЕД Куп: Тенисерките го заборавија Тунис и убедливо го решија Камерун

Nora-Viki

Македонската женска тениска репрезентација вчера со 3-0 загуби од Тунис во првото коло од групната фаза во Третата евроафриканска зона која се игра во Кишињев (Молдавија), но денеска избраничките на Дејан Маринковиќ славеа убедливо против Камерун со 3-0.

Викторија Веселинова и Нора Христовска прво со 2-0 ги добија своите мечеви во сингл, додека потоа истата таа комбинација славеше со 2-0 во игра на двојки.

Во вториот меч од нашата Ц група Финска славеше над Тунис со 2-1.

Facebook Коментари