ФЕД Куп: Македонија немоќна против Тунис

fed_cup

Женската тениска репрезентација на Македонија загуби со 3-0 од Тунис во првото коло ФЕД од Купот што се одржува во Кишињев, Молдавија.

Без Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска нашата селекција немаше никави шанси против африканките за кои поените ги донесоа Бешри, Жабер и комбинацијата Бешри-Боузгароу.

За време на дуелите Катарина Маринковиќ се стекна со повреда на десниот зглоб на ногата(напукната коска), истата и е во гипс и нема да може да одигра ниту еден натпревар во наредниот месец.

Во нашата Ц група Финска го доби Камерун со 3-0.

Facebook Коментари