Поврзете се со нас

Германија

Фавре се помири со судбината и призна дека две ѕвезди на клубот може да си одат по крајот на сезоната

Објавено

на

Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавре истакна дека двајца од клучните фудбалери на клубот би можеле да си заминат од Вестфален ова лето.

Станува збор за Ашраф Хакими кој ќе се врати во Реал Мадрид, клуб пак кој не планира да го задржи, и Џејдон Санчо кој е примарна трансфер цел на Манчестер Јунајтед.

– Очигледно има играчи кои ќе си заминат. Зборувате за двајца играчи за кои не знаеме дефинитивно што ќе се случи со нив.

– Може да останат со нас и тоа ќе е добро за мене. Но можно е исто така и да заминат. Ќе видиме што ќе правиме со нашта одбрана, средина и напад, -изјави Фавре.

За Санчо има интерес и од Манчестер Сити и од Ливерпул, додека настапите на Ашраф Хакими и целата ситуација со неговиот договор со Реал Мадрид ја следат од таборот на Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни