Поврзете се со нас

Германија

Фавр соопшти добри вести за Дортмунд пред дербито со Баерн

Објавено

на

Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусијен Фавр соопшти неколку добри вести поврзани со тимот во пресрет на дербито со Баерн Минхен кое е закажано за утре од 18:30 часот.

Ова е дуел кој може да ја одлучи трката за титулата или пак истата дополнително да ја направи поинтересна ако Дортмунд слави на „Сигнал Идуна Парк“. Позитивно за „милионерите“ е што столбот на одбраната, Матс Хумелс ќе биде подготвен, а во игра за настап е и Аксел Витсел.

-Мислам дека Хумелс ќе биде во ред, не можам да кажам со сигурност, но 99 проценти ќе биде на теренот. Аксел Витсел почна вчера да тренира и може да биде во тимот.

-Џан може да игра 45 минути и тоа е добро. Санчо веќе тренира со тимот десетина дена и полека се враќа во форма. Ќе видиме, -истакна Фавр.

Борусија е на втората позиција на табелата со минус четири бода во однос на актуелниот лидер и бранител на титулата Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни