Поврзете се со нас

Германија

Фавр по поразот од Баерн: Сега ќе биде брутално тешко да ги стигнеме

Објавено

на

Составот на Борусија Дортмунд имаше можност со победа против директниот ривал Баерн Минхен да ја направи супер интересна трката за титулата, но „милионерите“ попуштија на „Сигнал Идуна Парк“, загубија со 1-0 и му овозможија на големиот ривал отворен пат до пехарот со оглед на тоа што сега има позитива од седум бода на шест кола до крајот.

За ова е свесен тренерот на Дортмунд, Лусиен Фавр кој едноставно призна дека ќе треба да се случи чудо за да се променат работите и Баерн не ја одбрнаи титулата во Бундеслигата.

-Игравме добро во воедните 30 минути, но потоа останавме премногу длабоко. Второто полувреме беше добро. Имавме можности, но претпоследната или последната топка ни недостасуваше. Мислам дека заслуживме барем реми. Игравме подобро отколку против Шалке и Волфзбург.

-Ќе биде многу тешко во борбата за титула. Седум бода со шест натпревари за играње, тоа ќе биде брутално тешко, -истакна Фавр.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни