АТП
Фаворитот од втор ред за триумф на Вимблдон се повлече пред да излезе на терен: Многу сум разочаран

Матео Беретини требаше да излезе на терен во првото коло од Вимблдон ова попладне, но фаворитот од втор ред за успех на најпрестижниот тениски турнир е приморан да се повлече уште пред самиот старт.
Италијанскиот тенисер имаше импресивно враќање на терените и ги освои турнирите во Штутгарт и Квинс, па со огромна доза на самодоверба пристигна во Лондон.
За жал, Беретини нема да може да се борит за трофејот оваа сезона, а причина за тоа е позитивниот тест на Ковид 19 кој го добил пред настапот.
Матео лани играше во големото финале и сега претставуваше најголема закана на Надал на патот до финалето, но сега неговото место во ждребот ќе го пополни Елијас Имер.
– Со скршено срце објавувам дека сеп овлекувам од Вимблдон. Имав симптоми на грип изминатите неколку дена и бев во изолација. Можев да играм, но пред мечот решив да направам тест за да не ги загрорзам останатите учесници. Не можам да опишам колку сум разочаран. Сонот заврши за оваа година, но ќе се вратам посилен. Ви благодарам за поддршката, – порача Беретини.
Претходно поради позитивен Ковид тест, од турнирот се повлече и Марин Чилиќ.
-
Пливањепред 21 час
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 22 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Херојот Димитриевски со интервју од теренот откако ја фрустрираше Барса: Со сите нови засилувања… (Видео)
-
Светпред 20 часа
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Де Хеа инсистирал да направи интервју со „Скај“ за да го опише ужасниот ден на Јунајтед (Видео)
-
Репрезентацијапред 13 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 23 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 20 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал