Поврзете се со нас

Шпанија

Фаворитите за нов претседател на Барселона ја искоментираа одлуката на Меси (ФОТО)

Објавено

на

Лионел Меси конечно се огласи во јавноста и соопшти дека и во нареднава сезона ќе го носи дресот на Барселона.

Оваа негова одлука донесе многу реакции, коментари, а меѓу оние кои се огласија беа Жоан Лапорта и Виктор Фонт, двајца луѓе кои треба да бидат главни кандидати за наследник на Хосеп Марија Бартомеу на претседателските избори кои се закажани за следната година.

-Величенствениот Лео, мудра одлука многу добро објаснета. Сега да продолжиме заедно да победуваме и да продолжиме да правиме историја. Денес Меси ни донесе уште една радост како навивачи на Барселона, -истакна Лапорта кој во минатото кој со голем успех ја водеше Барселона.

-Веќе подолго време нема проект, тие жонллираат и покриваат дупки-Лео Меси. Само со солиден проект добро разработен, ќе ги надминеме предизвиците во иднина. Ќе ја обновиме Барса. Да за иднината, -порача Фонт кој закачи фотографија со Меси и Чави Ернандез алудирајќи на тоа дека Шпанецот треба да биде новиот тренер со кој треба да започне нова ера.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни