Светски првенства
Фаворитите според планот, Австрија му нанесе втор пораз на Вујовиќ

Денешната програма на Светското првенство продолжи со доминација на селекциите кои се предодредени да се борат за највисок пласман, па така третиот натпреварувачки ден донесе нови доминантни победи на Данска, Шведска и Исланд.
Бранителот на титулата почна брутално и фуриозно против Тунис и уште во воведната фаза на мечот поведе со 11:1, па уште по 15 минути игра беше јасно дека светскиот шампион ја запишува втората победа на шампионатот.
Еден од домаќините на турнирот во продолжение малку го намали темпото и им дозволи на ривалите полесно да дишат, што предизвика Тунис да постигна барем двоцифрен број на голови и да ја надмине границата од 20.
Данска во еден рутински меч на крајот славеше со 32:21, а на својата премиера на турнирот оваа година, убедливи беа и Шведска и Исланд.
Швеѓаните немаа милост против Јапонија и славеа со 39:21, додека Исланд беше убедлив поради Зеленортска Република со 34:21. Втора победа на мундијалот оствари и Австрија, која со триумфот од 28:26 му го нанесе вториот пораз на Катар предводен од Веселин Вујовиќ.
-
НБА14 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет24 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција19 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!