Поврзете се со нас

Англија

Фаворитите се избегнаа: Познати се паровите за полуфиналето во англискиот Лига Куп

Објавено

на

foto: x.com/Carabao_Cup

Познати се паровите за полуфиналето во англискиот Лига Куп или популарниот Карабао Куп, фаза во која сите клубови се од највисокиот ранг-Премиер лигата.

Ждрепката сакаше двата фаворити да се избегнат во полуфиналето, односно средба на Арсенал и Ливерпул може да гледаме само во финалето на „Вембли“.

За да стигнат до таму „топчиите“ треба да бидат подобри од Њукасл, додека „црвените“ од Тотенхем, тим кој во четвртфиналето го елиминираше Манчестер Јунајтед.

Ќе се играат по два натпреввари, на првите во месец јануари домаќини ќе бидат лондонските клубови, додека во февруари ќе се игра фудбал на „Сент Џејмс Парк“ и „Енфилд Роуд“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни