Англија
Фаулер со трансфер совет за Слот: Тој е брз и силен, идеален за Ливерпул!

Арне Слот минатото лето пристигна во редовите на Ливерпул, но и покрај тоа што помина два преодни рока тој скоро и да не доби никакво засилување од управата на клубот што е навистина чудно без разлика на тоа што „црвените“ навистина имаат добри резултати во Премиер лигата, Лигата на шампионите, а се на еден чекор од освојување на трофејот во англискиот Лига Куп.
Меѓутоа повеќе од јасно е дека следново лето клубот ќе мора да биде поактивен на пазарот особено ако загуби дел од ѕвездите како Салах, Ван Дајк и Александер Арнолд, тројката која останува без договори на крајот на кампањата.
Роби Фаулер кој е дете на Ливерпул и човек кој во два мандати беше дел од првиот тим има еден предлог за менаџерот Арне Слот кога се во прашање засилувањата, а тоа е Мики Ван Де Вен од Тотенхем.
-Јас сум таков навивач кој мисли дека ако не сте таму и донесете добри играчи, тогаш ќе се лизнете зад конкуренцијата и ќе назадувате. Ако не го правите тоа и не го подобрувате тимот, можете да застанеш. Кога станува збор за Мики ван де Вен, тој е многу добар играч и покрај проблемите со повредите.
-Мислам дека е силен, брз и мислам дека би изгледал како што треба во дресот на Ливерпул. Знам дека навивачите на Тотенхем нема да сакаат да го слушнат тоа, но тоа е комплимент за него како играч што мислам дека лидерите во лигата треба да го погледнат, -рече Фаулер.
Холанѓанецот кога е фит и подготвен навистина е еден од најквалитетните играчи на својата позиција во ПЛ. Тој има договор со „петлите“ до 30 јуни 2029 година.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!