Поврзете се со нас

Англија

Фаулер со сурова изјава за една скапа ѕвезда од првиот тим: Тој не е играч за Ливерпул

Објавено

на

Foto:instagram.com/rob9fowler

Ливерпул без проблеми го среди Акрингтон и со победа од 4:0 се пласираше во следната рунда на ФА Купот, па иако стануваше збор за натпревар кој на моменти изгледаше и пријателски, легендарниот Роби Фаулер го искористи истиот за да нападне една ѕвезда од првиот тим на Арне Слот.

Дарвин Нуњез повторно има проблеми со реализацијата и денеска не се запиша во листата на стрелците на натпревар на кој го постигна Федерико Киеза и еден младинец, а сето тоа го натера Фаулер да испорача сериозна критика на сметка на уругвајскиот центарфор.

– Ги зборуваме истите работи за Дарвин веќе две или три години. Секој може да толкува како сака, но јас што повеќе го гледам на теренот, толку повеќе мислам дека не е играч за Ливерпул.

– Фановите можеби ќе ме нападнат поради оваа изјава, сите го сакаат поради тоа што е голем работник на теренот, но вие не купувате напаѓач за да работи на теренот.

– Тој беше доведен тука за да постигнува голови. Знам дека е омилен меѓу фановите за тоа што се жртвува на секој дел од теренот, но според мене, мора да бидете многу подобри кога го носите дресот на Ливерпул. Како поранешен напаѓач, можам да заклучам дека му недостасува брза мисла и носење правилна одлука кога се наоѓа пред противничкиот гол, – изјави Фаулер за „Ај-Ти-Ви“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни