Англија
Фаулер со совет до управата на Ливерпул: Докажан играч, дајте му се што сака!

Премиерлигашот Ливерпул се најде во незгодна ситуација затоа што тројца играчи, тројца стандардни првотимци остануваат без договори на крајот на сезонава и е голем знак прашалник нивната иднина на „Енфилд Роуд“.
Таа голема тројка ја сочинуваат Трент Александер Арнолд, Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах со тоа што првиот според последните информации веќе патува за Мадрид каде ќе потпише за Реал.
Ако се суди по тоа што досега кружи низ медиумите можеби најреално е останувањето на стоперот Ван Дајк затоа што Салах веќе некое време сам говори дека мириса на крај, разделба затоа што клубот не е доволно активен за да го задржи.
Легендата на „црвените“ Роби Фаулер смета дека управата мора се да направи за да го задржи пред сеа Салах.
-Секако како навивач на Ливерпул, сакам Ливерпул да ги задржи. Сакам сите тројца играчи да останат таму. Мислам дека е лошо од клубот што дозволи да дојде до оваа ситуација. Но, што и да се случи, јас сум голем верник во она што го прави Мо и она што го постигна беше феноменално. Тој беше извонреден играч за Ливерпул. Тој беше неверојатен играч оваа година.
-Би отишол и би му дал се што сака, бидејќи прост факт е дека е докажан. Секој што ќе дојде во Ливерпул сега, ќе потрошите многу пари за да го доведете овде, плус неговата плата. Па зошто да не му ги дадете на Мо тие пари за некој кој е испробан и проверен? Не знам што ќе се случи. Од тројца играчи, би бил изненаден ако тројцата потпишат, но подеднакво ќе бидам изненаден ако двајца од нив не потпишат, -вели Фаулер.
-
НБА9 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
Лига Европа23 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Балкан23 часа
Трагедија во Карловац: Во сообраќајка загина поранешен хрватски репрезентативец
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони11 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Англија10 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони