Поврзете се со нас

Англија

Фаулер: Ливерпул треба да му дозволи на Салах да направи трансфер

Објавено

на

Катастрофалната форма на Ливерпул е надополнета со послабите настапи на најопасните фудбалери во офанзивниот дел на екипата, а за Мохамед Салах веќе има шпекулации дека е пред разделба со премиерлигашот.

Во дебатата се вклучи и поранешниот напаѓач на „црвените“ Роби Фаулер, кој смета дека клубот треба да му дозволи на Салах да замине доколку сака такво нешто.

– Ако фудбалерот сака да си замине, тоа треба да му биде дозволено.

– Не велам дека Ливерпул треба да го продаде Салах, јас сум негов голем фан. Но, сметам дека денешните трансфери најмногу зависат од фудбалерите и нивните желби, па топката е во „неговите нозе“.

– Клоп не го сакаше Кутињо затоа што сметаше дека неговото однесување не е соодветно и не сакаше таков карактер во тимот. Па, ако Салах толку сака да замине, треба да му се дозволи, а парите да се искористат за освежување на Ливерпул, – изјавил Фаулер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни