Фатовиќ му удри тупаница на Филиповиќ, Србија го доби ватерполо дербито со Хрватска (Видео)

hrvatsa-holandija

Србија ја победи Хрватска со 9:7 во полуфиналето на Европското првенство во ватерполо и на тој начин ја прекина негативната серија против најголемиот ривал.

„Делфините“ постојано имаа водство против хрватските ривали и заслужено се најдоа во финалето на ЕП, каде за противник ќе ја имаат репрезентацијата која ќе победи во дуелот меѓу Шпанија и Италија.

Денешното полуфинале беше одбележан и со еден инцидент, кога младиот хрватски репрезентативец Лорен Фатовиќ намерно го удри со тупаница српскиот капитен Филип Филиповиќ. Фатовиќ се извлече без исклучување, но подоцна беше испратен надвор од игра поради друг инцидент во кој исклучување заработи и еден српски репрезентативец.

Facebook Коментари