Поврзете се со нас

Конференциска лига

Фасцинантен подвиг: Играч на Вест Хем направи историја и стана прв кој ги обединил сите трофеи во Европа (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/WestHam

Вест Хем вчера оствари голем успех во Прага и ја освои само втората европска титула во своето постоење, а тоа донесе и историја за левиот бек на „чеканите“, Емерсон Палмиери.

Бразилецот со италијански пасош вчера го одигра цел натревар и доби висока оценка од страна на експертите на УЕФА, но повеќе внимание привлече со фактот кој беше проследен по победата од 2:1.

Левиот бек стана првиот играч во историјата кој ги освоил трите клупски натперварувања на УЕФА, бидејќи покрај овој успех во Конференциската лига, претходно со Челси стана најдобар и во Лигата на Европа и Лигата на шампионите.

За да биде неговиот уште поимпресивен, Палмиери е и првиот играч кој ги комплетирал сите пет натперварувања кои ги организира УЕФА, бидејќи во своите витрини ги има и Суперкупот и Европското првенство како член на Италија.

Само за потсетување, историја донесе и минатото финале во Конференциската лига, бидеќи Жозе Мурињо тогаш стана првиот тренер кој ги обединил трите трофеи (Лига Европа, Конференциска Лига и Лига на шампиони).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни